Информации за објектот
Преубавата ВИЛА КУМАНИ (Категоризација - 4 звезди) со своите 17 соби, студија, апартмани ВИП апартмани и ГРАНД апартмани, се наоѓа во познатиот туристички комплекс Лагадин.
До Вилата КУМАНИ директно ве води автопат крај самото езеро, од Охрид, кој е одалечен само 9 км. Вилата КУМАНИ е лоцирана во најубавиот дел од Лагадин и се наоѓа на самото езеро или поточно на 5 метри од Охридскот езеро. Со поглед од собите и големата тераса кон езерото што плени со својата убавина и спокој, од вилата Кумани директно се излегува на преубавите плажи, ресторани, блиската надалеку позната плажа Корали...и останатите придружни туристички и угостителски објекти на населбата Лагадин.
Вилата КУМАНИ е нов објект (2010 г.), со преубав поглед. Чистиот воздух, мир и спокој што го нуди Охридското езеро и пред се комодитетот и услугата крај самото езеро - е идеално место за одмор, релаксација и полнење на позитивна енергија!
Вилата КУМАНИ располага со комфорни-раскошно опремени и нови, со сите современи стандарди -17 соби, студија, апартмани, ВИП и ГРАНД апартмани или вкупно со 69 лежаја.
Сите соби-студија-апартмани и ВИП и ГРАНД апартмани покрај терасите со поглед на езерото луксузно се опремени со: Плазма и ЛЦД телевизори, кабловска ТВ, интернет, клима уред, фрижидери, кујни и мини кујни комплетно уредени со неопходен прибор, сопствени тоалети.... Апартманите и Вип и Гранд апартманите имаат и дневни соби, спални соби , трпезарии...
Покрај лобито-сала за состаноци, рецепција и персонал што Ви е на услуга, Вилата Кумани располага и со раскошна летна кујна.
Комодитетот и безгрижноста Ви го овозможува и сопствениот паркинг, во самиот објект и крај Охридското езеро.
Оддалеченост од
Центар: 8км
Езеро: 0.01км
Автобуска станица: 0.9км